Киноа салата со боровинки
Состојки
- Состојки
- 200 гр. Боровинки ( замрзнати )
- 2 сл. Оцет
- 0,5 чл. Бибер
- 80 гр. Киноа
- 1 Тиквица
- 80 гр. Кашкавал
- 200 гр. Урда
- 6 листови од Нане
Подготовка
1. Измешајте ги замрзнатите боровинките со оцет и бибер и оставете ги да се отпуштат.
2. Сварете ја киноата во 160мл. вода и посолете. Оставете ја на страна да се олади.
3. Излупете ја и исечете ја тиквицата на мали дијагонални ленти. Кашкавалот исечете го на коцки.
4. Кога киноата ќе биде целосно оладена измешајте ја со тиквицата, кашкавалот и урдата. Потоа додадете ги предходно подготвените боровинки и лисјата од нане. Чувајте на ладно место.
Добар апетит!