Запржени њоки во сос од зеленчук
Состојки
- 500 гр њоки
- 1 тиквичка
- 1 голем домат
- 1 црвена бабура пиперка
- 2 мали модар патлиџан
- 1/2 гранка целер
- 1 гранка свеж босилек
- 100 мл маслиново масло за пржење
Подготовка
Ова натрпреварот со Италијанска кујна е наш полн погодок. Па моите деца се секојдневно на таа храна.
Ајде сега за њоките да зборуваме. Нив ги сакаме на сите начини, и тие со компир и тие со тиква и ситеее :)
1. Во загреана посолена вода ставете ги њоките нека повријат 2 до 3 минути. Вадете ги со лажица со дупки и префрлете на растопен путер во тава. Нека се запржат малку. Треба само да ги завртите да ги фати топлото и да се исцедат од вишокот вода.
2. Во друг сад, на маслиново масло ставете го крупно сечканиот зеленчук. Нека се запржи да пушти сок.
Додајте го пасираниот домат. Благо промешајте. Нека крчка со покриен капак. Капнете балсамико. Пред крајот додадете ситно сецкан свеж босилек и целер. Оставете да се растопи во сосот.
3. Спремните њоки вметнете ги во садот. Превртете неколку пати, нека се соединат со сосот.
Сервирајте во тавички и декорирајте со свеж босилек.
Нека е на здравје.
Забелешка
Јас додадов и малку сув босилек, зашто од свежиот немав многу.