Леб од овесни снегулки и спанаќ
Состојки
- 200 гр овесни снегулки
- 70 гр мешавина од семки ( сончоглед, сусам и семки од тиква )
- 3 лажици ленено семе + 6 лажици вода
- 2 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 1 пециво
- 70 гр иситнет спанаќ
- 150 мл јогурт
- 150 мл вода
Подготовка
Здрава замена за леб. Одлична идеја за појадок во комбинација со хумус, маслинки и сл. по желба.
1. Во мал длабок сад ги ставаме меленото ленено семе и 6те лажици вода, промешуваме и оставаме да стојат додека да ги подготвиме другите состојки.
2. Овесните снегулки и семињата ги ставаме во Нутрибулет, блендираме да се иситнат. Го додаваме лененото семе, спанаќот, јогуртот и водата. Блендираме. Ги додаваме маслото, солта и пецивото, повторно блендираме.
3. Смесата ја оставаме да стои 30 минути.
4. Смесата ја ставаме во правоаголен долг калап за леб обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 18- степени околу 1 час.