Чизкејк
Состојки
- 400гр Мелени бисквити
- 180-200мл Сок по желба јас ставив од јагоди
- 400мл Слатка павлака
- 400гр Кисела павлака
- 200гр Прав шеќер
- 10гр Желатин
- 400гр Овошје
- 4 лажици Шеќер
- 10гр Желатин
Подготовка
1. Мелените бисквити измешајте ги со сокот. Кората натапкајте ја на плех бр. 26-28.
2. За филот изматете ја слатката павлака со прав шеќерот па додадете ја к.павлака. Кесичката желатин потопете ја со неколку лажици вода и оставете да набабри па растопете го на пареа или во микробранова. Измешајте го со дел од смесата па додадете го во целиот фил и убаво изматете. Израмнете го филот врз кората.
3. За овошниот дел сварете го овошјето со шеќерот ( не додавајте вода доколку користите замрзнато овошје и додадете го желатинот. Оставете сосема малку да излади 2-3 мин. Прелијте преку филот полека со лажица и тоа е тоа. Оставете да се излади најмалку 2 часа.
Наздравје.