Штангли со кикиритки врз лист обланда
Состојки
- 1 јајце
- 80гр шеќер
- 80гр путер
- 60гр црно чоколадо
- 120гр мелени бисквити
- 120гр тостирани кикиритки, пола ситно мелени а пола крупно мелени
- половина лист обланда.
- декорација
- -50 гр црно чоколадо, 1 лажиче масло, 1 лажиче нутела крем 30гр бело чоколадо
Подготовка
1. Во мало тенџере го ставаме јајцето и шеќерот. Матиме со миксер додека не го зголеми волуменот и не побели смесата. Потоа тоа тенџере го ставаме врз друго тенџере во кое има вода што врие, и готвиме на пареа со постојано мешање околу 3-5 минути. На крај ги додаваме чоколадото и путерот да се растопат и смесата да се соедини. Тргаме на страна и додаваме кикиритки и бисквити. Убаво ја соединуваме цела смеса.
2. Земаме лист обланда, јас имав малку поголема од половина и штанглите ми дојдоа малку пониски, значи потребно е половина лист, и убаво ја нанесуваме цела смеса врз обландата. Израмнуваме и оставаме да се стегне.
3. Во мал сад ги соединуваме чоколадото, маслото и нутелата. Го прелеваме колачот со црната глазура.
Правиме шари со растопено бело чоколадо. После 1 час сечеме на штангли и сервираме.