Испечати

Кремаста салата со цвекло, морков, кисела павлака

Кремаста салата со цвекло, морков, кисела павлака

Состојки

  • 1 средна главица цвекло
  • 1 поголем морков
  • 2 млади кромидчиња
  • 2лажици тостирани семки од сончоглед
  • 1лажиче балсамико оцет
  • 1лажиче маслиново масло
  • 180 гр, 1 чаша, кисела павлака
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

1. На крупната страна на рендето, ги рендаме излупените, измиени цвекло и морков. Ги ставаме во еден сад
2. Додаваме ситно сецкан млад кромид, сончоглед, сол, бибер, балсамико, маслиново масло и кисела павлака.
3. Убаво со лажица ја соединуваме смесата и ја сервираме во сад. Оставаме во фрижидер да стои салатата 30 минути, па ја сервираме со добар аперитив.