Телешко со пченка и морков
Состојки
- Состојки
- 400 гр телешко месо
- 250 гр моркови
- 250 гр пченка
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 пиперка
- 1 домат
- Потребно е уште сол, црн пипер, црвен пипермајчина душичка, зејтин
Подготовка
Во нашата кујна го подготвуваме телешкото месо доста често и во различни комбинации, а оваа комбинација е една од нив.
1. На зејтин ги запржуваме ситно исечената пиперка, морковот и кромидот.
2. Месото исечено на ленти го додаваме кон зеленчукот, го запржуваме и ги додаваме сите зачини.
3. Ситно исечениот домат го додаваме кон месото. Се полева на крај со 1,5 литри врела вода. Се покрива месото и се остава да се динста околу 50 минути.
4. Морковите ги сечеме на покрупни парчиња и ги додаваме во месото, ја додаваме и пченката (замрзната пченка). Месото со морковите и пченката го оставаме да се додинста на тивко уште 15 минути.
Месото го служиме со некој додаток како ориз или компир или само со салата по ваш избор.