Бела торта
Состојки
- 1 тесто
- 4 белки
- 4лажици шеќер
- 1 кесе прашок за пудинг со вкус на чоколадо
- 3лажици крупно мелен лешник
- 1лажиче просеано какао.
- 2 тесто
- 4 јајца
- 4лажици шеќер
- 2лажици брашно
- 4лажици мелен лешник.
- Прв фил
- 500мл млеко
- 4лажици шеќер
- 2 пудинзи со вкус на ванила
- 4 жолчки
- 100гр путер
- 100гр крупно мелен лешник.
- Втор фил-
- 300мл млеко
- 3лажици шеќер
- 1 пудинг со вкус на лешник
- 200гр црно чоколадо
- 60гр путер
- 250гр мелени наполитанки со вкус на лешник
- За декорација 2 кеси бел шлаг и 250 мл кисела вода и чоколадни капки.
Подготовка
За првото тесто се матат белките, постепено се додава шеќерот, па прашокот, какаото, лешниците. Со шпатула убаво се соединува и се става смесата во ростер голема тава, која е обложена со хартија. Се пече околу 10 мин на 180 с.
За второтто тесто се матат јајцата со шеќерот, се додаваат брашното и лешниците. Се соединува сето со шпатула и се печи во истата ростер тава обложена со хартија околу 10 мин.
За првиот фил во тенџере се соединуваат со миксер сите состојки и се вари на тивок оган до згуснување. Се лади со повремено мешање, па се додава изматениот путер и лешниците.
За црниот фил на оган се ставаат млекото, шеќерот и пудингот и се вари до згуснување. Додека е топол се додава чоколадото да се растопи. Нека подизлади па се додава изматениот путер и мелените наполитанки.
Редење- Се поставува прво светлото тесто а врз него се става кафениот фил. Убаво се израмнува. Сега се става темното тесто, а врз него убаво се нанесува жолтиот фил. Цела торта се покрива со изматена шлаг пена и се декорира по желба.
Во оваа торта користев наполитанки, по предлог на Билјана Илиевска, како во нејзината убава објавена кремаста торта.
Простете што нема пресек, но тортата беше за носење.