Канапеи со чадена пастрмка и крем сирење
Состојки
- 8 парчиња ржан четвртаст леб
- 2-3 листови измиена и исушена марула
- 100гр крем сир со зачински билки,
- 100гр филети од димена пастрмка
- 1 младо кромидче
- малку лимон, магдонос
Подготовка
Едноставно, вкусно предјадење.
1. Доколку има кожа на филетите, внимателно ја одстрануваме, лупиме.
2. Парчињата леб ги премачкуваме со крем сирењето. Доколку не користите зачинето, слободно ставете по свој вкус зачини.
3. Ги сечеме дијагонално.
4. На секое триаголниче ставаме лист марула, парче димена пастрмка, декорираме со магдонос и младо кромидче.
5. Послужуваме со чаша бело вино.