Овесно смути од банана и боровинки
Состојки
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 неполна лажица кокос
- 1 помала банана
- 3-4 лажици боровинки
- вода по потреба
- 2 листа свеж спанаќ
Подготовка
Ем здраво ем вкусно, ова смути ми беше денешниот доручек.
1. Изблендирајте ги сите состојки во нутрибулет, вода додадете по вкус, а може и растително млеко. Јас го правам погусто и некогаш дури и го сркам со лажица. Може после блендирање да го процедите.
Декорирајте со малку кокос и боровинки и уживајте во здравиот оброк.