Вафли со банана и овесни снегулки
Состојки
- 2 Јајца
- 300 мл Млеко
- 280 гр Брашно
- 2 Банана
- 70 гр Овесни снегулки
- 4 лажици Шекер
- 1 Ванила
- 1 лаичка Цимет
Подготовка
Ова смеса е за 8 вафли
1. Јајцата изматете ги со шекер и путер, додајте ја ванилата и млекото, па изматете пак.
2. Во смесата додајте го брашното, овесните снегулки, циметот, пецивото и се убаво промешајте.
3. Бананата исечете ја на коцки и додајте ја во смесата.
4. Тостерот за вафли загрејте го, премачкајте го малку со путер и печете ги вафлите.
Добар апетит!