Испечати

Здрави банана вафли

Здрави банана вафли

Состојки

  • 1 банана
  • 2 јајца
  • 150 гр овес
  • 1 лажиче цимет
  • 2лажички пециво
  • 125мл бадем млеко
  • За прелив
  • 1паковка микс семиња
  • 1паковка агаве сируп или мед

Подготовка

Едноставна подготовка на прекрасни вафли. Здрав појадок или десерт, изберете. Јас ги спремив во чашката од нутрибулетот.
1. Ги ставив прво овесот и бананата, па сите останати состојки. Ја соединив смесата, и почнав со печењето на вафлите. Апаратот за вафли го премачкував масло. На секоја вафла мачкав.
2. Печените вафли ги служев со агаве сируп или мед, па им попрскав по некоја микс семка.

За мене ова беше совршенство, а вие пробајте па кажете.