Интегрални мафини со спанаќ
Состојки
- 250 гр. спанаќ
- 3 лажици крем сирење
- 2 чаши интегрално брашно
- 2 лажици масло
- 1 чаша минерална вода
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици семиња пожелба
Подготовка
1. Спанаќот обарете го неколку минути, исцедете го од водата и исечкајте го на ситно.
2. Во сад за матење додадете ги сите состојќи и мешајте со вилушка додека смесата не стане хомогена.
3. Рерната загрејте ја на 200° С. Смесата префрлете ја во калапот за мафини кој претходно сте го обложиле со хартиени калапчиња. Наросете ги со омилените семиња. Од смесата излегуваат 12 мафини. Печете ги околу 30 минути.