Испечати

Чоколаден куглоф без печење

Чоколаден куглоф без печење

Состојки

  • 600 гр бисквити
  • 100 гр ореви
  • 60 гр чоколадно какао
  • 200 гр шеќер
  • 240 мл вода
  • 150 гр маргарин
  • глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 50 гр маргарин
  • 2 лажици вода

Подготовка

Брза и лесна чоко торта која секој може да ја направи. Забелешка: *Оревите може да се користат и сечкани а и цели, но моја препорака е да се стават цели (претходно пропржени на слаб оган во нелеплива тава), бидејќи така му даваат побогат вкус и интересна крцкавост на колачот.

1. Ги кршиме бисквитите и ги мешаме во длабок сад заедно со пропржените ореви.

2. Во тенџерче ги мешаме шеќерот и какаото. Постепено ја додаваме водата, мешајќи, да добиеме смеса слична на крем. Кога ќе ја додадеме целата вода, садот го ставаме на потивок оган и го додаваме марагринот. Мешаме да изедначиме. Кога чоколадниот сируп ќе зоврие, го тргаме од оган и оставаме 10 мин. да олади.
3. Потоа ги соединуваме смесата од какао и смесата од бисквити. Мешаме да изедначиме.

4. Колачот го ставаме во куглоф тава, обложен со стреч фолија. Го оставаме да се стегне на ладно, 4 до 5 часа.

5. За глазурата на тивок оган ги мешаме трите состојки додека да добиеме чоко прелив, и со него го преливаме претходно превртен куглофот откако ќе се стегне.

*Конечниот колач може да го ставите во куглоф или во сад по ваша желба.