Испечати

Овесна каша со банана

Овесна каша со банана

Состојки

  • 400 мл. млеко
  • 100 гр. овесни снегулки
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 2 банани
  • попотреба крем од лешници и овошје

Подготовка

1. Во сад на оган додајте ги млекото, овесните снегулки, шеќерот и солта да се варат 3 минути постојано мешајќи ги со лажица.

2. Испасирајте една банана и додајте ја во садот на оганот и варете ја кашата уште 2 минути постојано мешајќи ја со лажица.

3. Распоредете ја кашата во садови и декорирајте ја со останатата банана, крем од лешници и овошје по желба.