Пица пинерлии со брзо тесто
Состојки
- Фил
- 1лажица оригано
- 150гр кашкавал
- 150гр салама
- 150гр печурки
- за премачкување
- 100 гр сусам
- 1 јајце
- Тесто
- 500 гр брашно
- 1паковка пециво
- 1чаша јогурт
- 1/2чаша зејтин
Подготовка
1. За фил - Исецкајте кашкавал и салама по ваш вкус. Можете да ставите и сецкани печурки.
2. За Тесто- Замесете меко тесто од сите состојки. Поделете го на топчиња поголеми од орев.
3. Расукајте ги и премачкајте ги со кечап. Попрскајте ги со оригано и во средишниот дел ставете од филот кој го спремивте претходно. Преклопете го на половина и притиснете со вилушката од страните да се залепи.
4. Готовите парчиња ги редиме на хартија за печење. Премачкуваме со разматено јајце и наросуваме сусам. На секое парче ставаме коцка маргарин и веднаш печеме. Печените пинерлии се мекички и после еден ден..
Нека ви е слатко.
Забелешка- Чашата е од 200 мл.