Испечати

Печена зелка со прелив од домашен тартар сос

Печена зелка со прелив од домашен тартар сос

Состојки

  • 1 зелка
  • попотреба маслиново масло, семиња, сол и црн пипер
  • За сосот
  • 250 гр. крем сирење
  • 250 гр. јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • попотреба сол и црн пипер
  • 1 чешне сечкано лукче
  • попотреба сушени магданос и нане

Подготовка

1. Зелката се сече на кругови во дебелина од 1-1,5 см и круговите се редат во тава за печење обложена со хартија за печење.

2. Премачкајте ја со маслиново масло, наросете по желба со семиња, зачини и сол. Се пече околу 25-30 минути на 180 степени. Во мегувреме се подготвува сосот.

3. Сите состојќи се додаваат во сад за матење и се матат со вилушка додека смесата не стане хомогена. Испечените кругови зелка прелијте ги со сосот и уживајте. На здравје.