Телешки мускул во сос
Состојки
- 1 кг. телешки мускул
- 3-4 чешниња лук
- 2 ловорови ливчиња
- по вкус сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, буковец,масло
- 3 лажици кајмак
Подготовка
1.Мускулот се мие убаво, се расекува на нелолку места по должина, се посолува од сите страни и се пропржува на плитка мрснотија додека добие боја од секаде.
Се налева врела вода, се додава лукчето, ливчињата, црн бибер- ставив и во зрно, се покрива и нека се вари додека омекне.
2.При крај во течноста раствораме 3 лажици кајмак со жица, течност да има некаде околу 400 мл..
Го зачинуваме по желба и нека покрчка уште 15на минути.
Сервираме со прилог по желба и уживаме!