Испечати

Салата со слатка пченка

Салата со слатка пченка

Состојки

  • 250гр. слатка пченка од конзерва
  • 200гр. крем сирење
  • 180 гр. кисела павлака
  • 50гр. семки од печен сончоглед
  • 50гр. семки од тиква
  • 50гр. потпечен сусам
  • 50гр. толчени ореви
  • 1 цело варено јајце
  • 1/8 лажичка сол, малку црн бибер

Подготовка

1. Јаткастите плодови се потпекуваат на суво, секој одделно, се толчат, се додаваат во сад, ладното тврдо варено јајце се ренда, се додава цедена пченка.
2. Настрана во сад се соединуваат крем сирењето и киселата павлака, се додава сол и црн бибер, се соединува се заедно.
3. Се остава во фрижидер да се зацврсти, па се служи ладна. Декорирајте по избор
Брза едноставна варијација на тема салати кои често ги подготвувам.