Испечати

Р’жани ѓевречиња

Р’жани ѓевречиња

Состојки

  • 3 чаши ржано интегрално брашно
  • 1 чаша јачменово интегрално брашно
  • 2,5 чаши ладна вода
  • 1 мала лажица сол
  • 2 мали лажици маслиново масло
  • 2 супени лажици ленено семе
  • 1 супена лажица чиа семе
  • 3 супени лаж сусам (+ сусам за валкање)
  • 3 супени лаж сончоглед
  • 1 лажиче пециво
  • 1 лажиче сок од лимон

Подготовка

1. Од сите состојки со лажица се прави смеса, па се остава 12 часа да ферментира.
2. Потоа се додава пецивото и сокот од лимон, се замесува убаво, па се формираат 8 топки од кои што се формираат ѓевречињата, со влажни раце.
3. Се валкаат во сусам, и се печат во загреана рерна на 200 степени, околу половина час. Кога ќе се печени ќе бидат поруменети, и малку распукани на површината.
Многу се крцкави и вкусни.

ПС. Чашата е од 200 мл