Брза пита со праз
Состојки
- 3 јајца
- 1 мала филџан(100мл) јогурт
- 1/2 мала филџан масло
- 1/2 мала филџан кисела вода
- 200гр. сирење
- 2 мали филџан бело брашно
- 1 мала филџан пченкарно брашно
- 1 прашок за пециво
- мешавина од сусам,лен и семки од тиква
- 1 страк праз
Подготовка
1. Во длабок сад изматете ги јајцата, па полека додавајте ги течните, а потоа и сувите состојки.
2. Додадете ги ситно сечканиот праз и здробеното сирење, измешајте со лажица и истурете ја смесата во подмачкана тепсија или во тепсија со хартија за печење.
Поросете со сусам и печете околу 30-40 минути.
На здравје