Испечати

Мекици со пециво

Мекици со пециво

Состојки

  • 500гр. брашно
  • 250мл. вода
  • 3лаж. масло
  • 1лаж. домашна ракија
  • 1/2 лажичка пециво
  • 1лажичка сол
  • 1лажичка шеќер
  • 20гр. квасец(свеж)
  • масло за пржење

Подготовка

1. Се раствара во пола од топлата вода квасецот со шеќер и се додава една лажица брашно. Се меша и остава да нарасне.
2. Се става брашното во сад со сол, масло, пециво, ракија и се додава квасецот, па се меси тесто со остатокот од водата. Откако ќе го замесите, оставете го да нарасне.
3. Се вадат мекици и се пржат на масло.
На здравје!!!