Испечати

Салата со урда, печурки и димено месо

Салата со урда, печурки и димено месо

Состојки

  • 500гр. несолена урда
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици павлака
  • 300гр. печурки
  • 100гр. димено месо
  • 3 чешниња лук
  • 50гр. сецкани ореви
  • 50гр. сусам
  • 1 лажица буковец
  • сол и оригано по вкус

Подготовка

Подготовка
1. Урдата ја ставаме во сад за мешање и во неа го додаваме буковецот, павлаката, мајонезот и сол. Мешаме да ни се соединат сите состојки.
2. Во тава за пржење ги ставаме ситно сецканите ореви, печурки, дименото месо и сусамот, десетина минути ги пропржуваме на тивок оган. Смесата ја ладиме и ја додаваме на урдата, мешаме и укрсуваме со оригано или по желба.

На здравје!!!