Барни колач
Состојки
- 5 јајца
- 2 шолји шеќер
- 3 шолји брашно
- 1 шолја зејтин
- 1,5 шолја млеко
- 1 ванила
- 1 пециво
- прстофат сол,кора од еден лимон
- 300гр. чоколада за готвење
- 500мл. слатка павлака
Подготовка
1. На почеток изматете ги јацата со шеќерот веднаш додадете ги и сите останати состојки за бисквитот, изешајте ја смесата и сипете ја во тава со дим.20*30 на хартија за печење. Тестото печете на 200 С.5 мин. намалете на 180 уште 20 мин.
2. Слатката павлака загрејте ја тивко и додадете ја чокладата, мешајте додека се стопи. Топлот колач издупчете го со дрвена лажица, додека е уште жежок полите го со преливот од чоколада и слатка павлака. Изладениот колач сечете го по желба и дегустирајте.
На здравје!!!