Чоколадирани банана залчиња
Состојки
- 1 Банана
- 2 реда Црно (квалитетно) чоколадо
- 1 мала лажичка Кокосово масло
- За фил
- околу 5 лажички Путер од кикиритки
- по желба малку мелени кикиритки
- пола Банана (пасирана)
Подготовка
Брзо, лесно и вкусно...
1. Бананата ја сецкаме на мали парчиња. Две по две од парчињата ги слепуваме со малку од филот. Ги оставаме во замрзнувач пола час.
2. Чоколадото го топиме на пареа, го додаваме и кокосовото масло. Секое парче го чоколадираме до пола и ги оставаме врз мрсна хартија да се здрви чоколадото (бидејќи се извадени од замрзнувач, речиси веднаш се стегнува чоколадото).
На здравје!