Американска салата
Состојки
- 2 големи парчиња пилешки стек ( или бело месо )
- 1 конзерва ананас ( 850 гр )
- 2 лажици исецкан лист од целер
- 2 лажици исецкан магдонос
- 1 лажица лимонов сок
- 5 лажици мајонез
- 12 лажици павлака
- 1 лажиче сол
- ½ лажиче црн бибер
Подготовка
1. Пилешкиот стек го вариме во вода со сол. Откако ќе се свари го цедиме и оставаме да се излади.
2. Ананасот го оставаме да се исцени од течноста.
3. Пилешкиот стек го сецкаме на помали парченца. Ананасот го сецкаме, секој круг ананас го сечиме на 16 парченца.
4. Во длабок сад ги ставаме сецканиот пилешки стек и ананасот. Ги додаваме сецканиот лист од целер и магдонос, промешуваме. Ги додаваме мајонезот, павлаката, сокот од лимон, солта и црниот бибер. Промешуваме да се соединат состојките.