Јафа колач
Состојки
- Тесто
- 170 гр брашно од спелта
- 2 лажички пециво
- 100 мл млеко
- 200 гр пире од јаболка
- 5 лажици мед
- 2 лажици кокосово масло
- фил од портокали
- 200 мл цеден сок од портокали
- 2 лажици мед
- ½ кесиче ( 5гр ) желатин + 2 лажици вода
- Чоколаден прелив
- 50 гр темно чоколадо со 70% какао
- 1 лажица кокосово масло
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме брашното од спелта и пецивото. Промешуваме. Во друг длабок сад ги ставаме пирето од тиква, млекото, медот и кокосовото масло, мешаме со лажица. Во течните состојки ги додаваме брашното и пецивото. Мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во калап во форма на срце обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 190 степени 30 минути. Колачот го оставаме да се излади.
2. Сокот од портокал го ставаме во длабок сад, го додаваме медот, промешуваме. Желатинот го ставаме во сад, ја додаваме водата и оставаме 5 минути да набабри. Желатинот го ставаме во сад на оган на тивка температура да се стопи. Го додаваме во сокот од портокал. Промешуваме. Филот го ставаме врз тестото. Колачот го ставаме во фрижидер да се стегне филот.
3. Темното чоколадо го кршиме на коцки, го додаваме кокосовото масло. Го топиме на пареа. Со чоколадниот прелив го потураме јафа колачот. Украсуваме по желба. Оставаме да се стегне чоколадото.