Испечати

Колачи- учителско копче

Колачи- учителско копче

Состојки

  • 200 гр маргарин
  • 1 ванила
  • 120 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка какао
  • 2 лажици млеко
  • 400 гр брашно
  • мармалад од кајсии и од сливи
  • за увалување кафеав шеќер

Подготовка

1. Се миксира секоја состојка при додавањето се до брашното. Кога ќе се додаде брашното се меси и се замотува во прозирна фолија и се става 30мин во фрижидер.
2. Потоа се зема малку тесто величина колку орев се увалкуваат во кафеав шеќер и се става врз плех со хартија. Се прави длабнатина со рачката од дрвена лажица и се печат колачите на 180С-10мин.
3. Кога ќе оладат се полнат празнините со мармалад.

На здравје!!!