Испечати

Гратинирани лепчиња со пилешко и кашкавал

Гратинирани лепчиња со пилешко и кашкавал

Состојки

  • 6 парчиња леб
  • 20-30гр путер
  • фил
  • 2 јајца
  • 150гр печено пилешко месо
  • 100гр кашкавал
  • 1лажица хариса паста
  • 1лажица доматно пире
  • 1лажиче сенф со мед и пиво
  • 2 млади кромидчиња
  • Оригано или мешавина на италијански зачини
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

1. Прво парчињата леб танко ги премачкуваме со растопен путер од две страни. Ги редиме во плех.
2. Во нутрибулет ги ситниме кашкавалот и пилешкото месо. Ги ставаме во сад и ги додаваме останатите состојки. Убаво соединуваме
3. Врз секое парче леб ставаме полна лажица фил.
Израмнуваме.
Ги гратинираме во загреана релна околу 20 минути

Сервираме топли