Испечати

Срце за мали детски срциња

Срце за мали детски срциња

Состојки

  • 12 стапчиња за ражничиња
  • 100 гр бело чоколадо
  • 2 лажици бел еурокрем
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици црн еурокрем
  • по избор кокос,чоко трошки,украсни мрвици,мак...

Подготовка

1. Во силиконски калап се ставаат стапчињата за ражнич.
2. Во сад на пареа се топи чоколадото и еурокремот. Се излива по 3 лажички од смесата во едно калапче. Се украсува по желба.
3. Едните се направени со 100гр бело чоколадо и 2 лажици бел крем, каде излегуваат 6 фигури од калапчето. Другите исто 100гр црно чоколадо и 2 лажици црн крем.
Вкусни и интересни колачиња за детски родендени и забави.