Испечати

Сусам салата

Сусам салата

Состојки

  • 250 гр солена изварка
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици кисела павлака
  • 100 гр потпечен сусам

Подготовка

Брза, лесна и вкусна салата за оние кои го сакаат сусамот и за ненадејни гости.
Единствено неколку минути ќе се позанимавате само за потпекување на сусамот, а другото е сосема едноставно, се се меша со лажица до компактна смеса.
Спремената салата оставете ја најмалку еден час во фрижидер пред служење. За тоа време ќе се спојат состојките, и салатата ќе стане малку поцврста од првичниот изглед.