Домашно кокос млеко
Состојки
- 1шол 250 гр кокос
- 2литра вода
- 1паковка ванила
- 5 урми
Подготовка
Рецепт за домашно подготвено кокосово млеко. Го користиме често, па решив да го спремам дома, да го имам во секое време. Не е сложена изработката. Сега ќе ја прикажам.
1. Ставете ја водата да зоврие. Додадете ги урмите. Во друг сад ставете го кокосот и ванилата па, попарете го со водата. Нека постои 40 минути со затворен капак. После 40минути ставете ја смесата во блендер и убаво изблендирајте ја.
2. Течноста прецедете ја преку газа или цедалка. Добиеното кокосово млеко соберете го во стаклени шишиња и чувајте го фрижидер.
Може да постои до една недела, но мислам дека нема да издржи толку, ќе го испиете, само два литри се.
На здравје