Овесна каша со тиква
Состојки
- 1 ½ шолја млеко
- 1 шолја овесни снегулки
- 4 лажици печена или варена тиква
- ½ лажиче цимет
- 1 рака ореви
- 1 јаболко
- 2 лажица мед
Подготовка
1. Во тенџере на тивок оган го ставаме млекото, циметот и тиквата. Промешуваме. Откако ќе се загрее млекото ги додаваме овесните снегулки. Вариме со постојано мешање додека кашата не се згусне.
2. Овесната каша ја сервираме во две чинии. Јаболкото го лупиме и сецкаме на коцки. Ставаме врз овесната каша коцки јаболко, ореви и по една лажица мед. По желба може и путер од кикиритки.
* шолјата е од 250 мл