Испечати

Кекс со портокал и суви смокви

Кекс со портокал и суви смокви

Состојки

  • 4 јајца
  • 180гр шеќер
  • 150мл сок од портокал
  • 1/2лажиче куркума
  • 1 ванила
  • 1 и1/2лажиче пециво
  • 200гр путер
  • 250гр брашно
  • 2лажици афион
  • 100гр сецкани, суви смокви
  • кора од портокал
  • За попрскување, сок од 1 портокал

Подготовка

За љубителите на вкусот и мирисот на портокалот...

1. Во сад се ставаат путерот и шеќерот и матиме до побелување. Потоа додаваме едно по едно јајце и постојано матиме. Додаваме кора и сок од портокал, соединети пециво, брашно, афион, куркума, сецкани смокви.
2. Убаво смесата ја соединуваме со шпатула. Ја истураме во калап куглоф или долгнавест калап за леб
Печеме околу 35 на 180 с. Испечениот десерт го вадиме на решетка да се излади
Потоа со лажица по површината попрскуваме сок од портокал.
Или на секое парче кога се сервира, може да се попрска со сок од портокал.