Чоколаден мус со спанаќ
Состојки
- 3 ливчиња свеж спанаќ
- 1/2 авокадо
- 1/2 банана
- 2 лажици чиа семиња
- 3 лажици овесни снегулки
- 1лажица какао
- 100 мл млеко
- 1лажица путер од кикирики
Подготовка
Одличен појадок, здрав и вкусен.
1. Во нутри булетот помешајте ги сите состојки, редејки ги прво путерот, авокадото, бананата, а потоа додајте ги полесните состојки.
2. Прелијте со млеко. Не блендирајте многу, нека остане погуста смесата.
Префлете ја во шоља и уживајте во прекрасниот и здрав појадок.
Ова може да ви биде и вечера. Како сакате така распоредете го.
Какаото може да го замените и со несквик.
Нека ви е слатко.