Колачиња со корнфлекс
Состојки
- 150 гр суво грозје
- 100 гр чоколада
- 200 гр крупно мелени ореви
- 8 лаж мед
- 150 гр шеќер
- 1 маргарин
- 300 гр корнфлекс
Подготовка
На тивок оган се растопуваат маргаринот, медот, шеќерот и чоколадата. Потоа се додаваат оревите, сувото грозје и корфлексот. Се добро се меша. Кога смесата ќе се олади со раце, но може и со лажиче, се прават топчиња и се ставаат во хартиени калапчиња.