Макарони со пилешко
Состојки
- 300 гр. макарони
- 2 парчиња пилешки стек
- 2 црвени домати
- 1 јајце
- 200 гр. кисела павлака
- 1 лажиче сол - по вкус
- по вкус мелен црн пипер, оригано
- 250 мл. вода
- 200 гр. кашкавал
Подготовка
Лесно, брзо, вкусно ручече.
1. Во намрсена огноотпорна тава се ставаат макароните, па пилешкото сечено на коцки (прво расечено на половина, па на ленти и коцки), а потоа доматите сечени на коцки.
2. Во длабока чинија се мешаат јајцето, киселата павлака, водата, зачините (сол ставив поголемко лажиче, а може и плус малку) и се прелива преку доматите.
Најгоре се става ренданиот кашкавал.
Се покрива и оди во загреана рерна на 200 степени околу 50 мин..
На здравје!