Испечати

Овесни колачиња со тиква

Овесни колачиња со тиква

Состојки

  • 150 гр тиква ( варена или печена )
  • 150 гр овесни снегулки
  • 1 рендано јаболко
  • ½ лажиче цимет
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 50 гр бадеми

Подготовка

1. Тиквата може да биде варена или печена. Ја ставаме во длабок сад, со вилушка ја пасираме. Ги додаваме овесните снегулки, циметот ренданото јаболко и кокосовото масло, промешуваме.
2. Бадемите ги сецкаме на покрупни парчиња. Ги додаваме во смесата за колачиња. Го додаваме и медот. Промешуваме.
3. Од смесата формираме колачиња. Ги редиме во тава обложена со хартија за печење. Печеме на 180 степени 15-20 минути.