Испечати

Пилешки стек со сос

Пилешки стек со сос

Состојки

  • 600 гр пилешки стек
  • 100 гр димена сланина
  • 300 гр маринирани шампињони
  • 3-4 лажици доматен сос
  • 300 мл вода
  • сол, мелен црн бибер, мелен шарен бибер, мешан зачин
  • 2 лажици нишесте и малку вода

Подготовка

Убав брзински а превкусен ручек.

1. Пилешкиот стек го сечеме на парчиња со големина која сакаме. На загреано масло ги пржиме прачињата стек убаво од сите страни. Ја додаваме сецканата сланина и заедно запржуваме, па ги додаваме шампињоните и повторно пржиме заедно.

2. Додаваме неколку лажици доматен сос, зачинуваме со сол и други зачини според вкусот. Додаваме 300мл вода и оставаме на тивок оган да се динста околу15-20 минути. На крај нишестето го раствораме во малку вода и го додаваме во пилешкото. Оставаме да динста уште 2 до 3 минути.

Сервираме топло, најдобро со пире од компир.

На здравје!