Банички со готови кори
Состојки
- 500 гр кори
- 1 кисело млеко
- 4 јајца
- 250 мл масло
- 1 пециво
- околу 200гр сирење
Подготовка
1. За прелив се меша кисело млеко, 4 јајца, 250мл масло, и пециво. Се меша се заедно.
2. Земаме една кора и ја мачкаме со преливот потоа се преклопува дијагонално од ќош до ќош да добиете триаголник, пак се мачка со преливот и се реди со сирење или мелено месо со што сакате. Се врти ролат и се витка полжавче. На секое полжавче се става од преливот. Истата постапка ја правите додека имате кори.
3. Се печат на 200 С околу 20-25мин.
Многу лесни и мнооогу вкусни.