Здрав авокадо мус
Состојки
- 2 авокада
- 120 мл кокосово млеко
- 2 лажички ванила арома
- 100 гр какао
- 2 лажици мед
- зрна калинка
- 1 лажица кокосов путер
Подготовка
Ако сакате да се изненадите со превкусен а здрав чоколаден десерт, пробајте го овој здрав мус. Можете да го правите и со обично полномасно млеко. Ова ми е втор рецепт за чоколаден мус од авокадо и секогаш кога ќе го направам се изненадувам од вкусот.
Сите состојки ставете ги во мултипрактик и мешајте додека не се добие текстура на мус.
Ние ваквите мусови сакаме да ги јадеме со калинка, и вкусна и декоративна е.
На здравје!