Крцкави крекери
Состојки
- 70 гр сончоглед
- 90 гр сусам
- 90 гр ленено семе
- 100 гр јачменово брашно
- 50 гр ржано брашно
- ½ лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло
- 250 мл јогурт
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме сончогледот, сусамот, лененото семе, јачменовото, ‘ржаното брашно и солта. Промешуваме.
2. Во сувите состојки ги додаваме маслиновото масло и јогуртот, мешаме со лажица да се соединат состојките.
3. Од смесата формираме топчиња, ги ставаме во тава обложена со хартија за печење и со дланка ги сплескуваме, дебелината да им биде 4-5 мм. Од оваа смеса јас направив 13 крекери. Смесата е малку леплива, со влажни раце формирајте ги топчињата или може директно со лажица да турате од смесата врз хартијата и со лажицата да ги измазните и формирате.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10тина минути во зависност од рерната