Испечати

Мафини со кисела павлака

Мафини со кисела павлака

Состојки

  • 1 јајце
  • 50 гр шеќер во прав
  • 50 гр путер
  • 40 гр кисела павлака
  • 20 гр какао
  • 35 гр брашно
  • 1/2 лажиче пециво
  • Бело чоколадо за декорација

Подготовка

1. Во сад се ставаат путер и шеќер Се мати додека не се добие мазен крем. Се додава јајцето и се мати, смесата убаво да се соедини. Со исклучен миксер ги додаваме брашното, пециво, какао, киселата павлака и со шпатула соединуваме.
2. Смесата ја распоредуваме во 6 калапи за мафини Печеме околу 25 м на 180 с.

Изладени ги Декорираме со растопено бело чоколадо.