Испечати

Печени полнети пиперки со урда

Печени полнети пиперки со урда

Состојки

  • 6-7 пиперки
  • 350гр. урда
  • 2 јајца
  • сол,м.зачин,магданос,бибер,маслиново масло и малку брашно за затварање на пиперките

Подготовка

1. Во длабок сад промешајте ги урдата, јајцата и зачинете со сол по вкус. Секоја од пиперките добро измијте ја исчистете ги семките и наполнете ги со филот од урда.
2. Наредете ги пиперките во тавче обложено со хартија за печење, полејте малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.

Добар апетит и забавно готвење!