Вафли со цимет
Состојки
- 350 гр брашно
- 125 гр путер
- 3 јајца
- 250 мл млеко
- 80 гр шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 прстофат сол
- 1 лажичка цимет
Подготовка
Вкусни и брзи за подготовка.
1. Прво јајцата се миксираат со шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додава млекото и убаво се меша.Потоа се додава стопениот путер, прстофат сол па брашното со пецивото(лажица по лажица).
2. Апаратот за вафли се намрсува и се става од смесата.
Се печат околу 10 минути.
На здравје!