Роловано пилешко со кајмак и сланина

Состојки
- 4-6 пилешки гради
- 2-3 лажици кајмак
- 2-4 лажици крем сирење
- 150 гр чадена сланина
- 100 гр лебни трошки
- 100 гр брашно
- 2 јајца
- свинска маст за пржење
- црн бибер, буковец, сол
- 100 гр кашкавал
Подготовка
Првкусно јадење! Ова е слично на Караѓорѓева шницла, ама со пилешко...
Подготовка
 1. Го чукаме месото за да стане потенко и со поголема површина.
 2. Го премачкуваме со кајмакот и крем сирењето.
 3. Го наросуваме со бибер и сол, а може и други зачини по желба.
 4. Ја редиме сланината и го виткаме во ролат. Повторно го посолуваме и наросуваме со бибер.
 5. Го валкаме во брашно, па во разматените јајца и на крајот во лебните трошки.
 6. Го пржиме на умерена температура во свинска маст.
 7. Откако ќе го испржиме го сервираме и врз него рендаме кашкавал.