Лимон вафли
Состојки
- 2 јајца
- 120 гр шеќер
- 100 мл масло
- 100 мл млеко
- 250 гр брашно
- 1 лажичка пециво
- кора од еден лимон
Подготовка
Сладок појадок со вкус на лимон, а подготвен набрзина.
Подготовка
1. Сите состојки ги ставаме во еден сад. Најпрво влажните, па сувите и на крај ренданата кора од лимон. Ги соединуваме со лажица или со миксер.
2. На премачкано со масло и загреано апаратче за вафли на несуваме од смесата. Печеме неколку минути, зависи од апаратот.
Кога ќе бидат готови можете да ги наросите со шеќер во прав.