Торта од 5 состојки
Состојки
- 200 мл хопла
- 200 гр кисела павлака
- 200 гр еурокрем
- 200 гр овошје(банана)
- 400 гр бисквити
- 1 шлаг крем
Подготовка
1. Изматете ја цврсто хоплата и додадете ги павлаката и кремот. Измешајте и додадете ги бананите и мелените бисквити.
2. Измешајте убаво и смесата ставете ја во калап за торти бр 26. Одозгора ставив изматен шлаг крем.
Оставете ја најмалку 1 час во фрижидер.