Испечати

Сусам топчиња

Сусам топчиња

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1,5 коцка свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици сол
  • 2 жолчки
  • 3 мали шолји масло
  • о,5 литри млеко
  • За одозгора
  • 2 белки
  • 300 гр сусам

Подготовка

1. Се активира најпрво квасецот, па потоа од состојките се меси тесто кое се остава да стаса. Од тестото се кинат мали топчиња кои се макаат во изматените белки и потоа во сусам.

2. Се редат во подмачкана тава/плех од рерната или обложена со пекарска хартија и потоа се пушта рерната да загрее на 220С. Се печат 15минути.

Меки внатре, а крцкави одозгора.