Колач со ореви и нес кафе
Состојки
- 2 јајца
- 4 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 6 лажици млеко
- 2 лажици масло
- 5 лажици мелени ореви
- 5 лажици брашно
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- Прелив
- 1 лажичка нес кафе
- 50 мл вода
- 2 лажици рум
- Втор прелив
- 100 гр чоколадо
- мелени ореви
Подготовка
Едноставен, брз а превкусен колач готов за помалку од половина час.
1. Јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер до побелување. Додадете го млекото и маслото и убаво промешајте.Го додаваме брашното и пецивото и на крај мелените ореви.
2. Печеме во тава бр 24, на 190 С околу 15 минути.
3. Врз топлиот колач со лажица го нанесуваме преливот од нес кафе. Потоа го прелеваме со стопеното чоколадо, наросуваме со мелени ореви и сечеме коцки.
На здравје!